Чувајте ги учебниците или ќе плаќате високи цени

Во текот на првата недела од учебната година трае распределбата на учебниците по кои ќе се работи според годишните наставни планови.ucebniciВо 2009 година започна проектот Бесплатен учебник за секој ученик со кој на почетокот од годината учебниот материјал се задолжува и дава на користење. Во јуни треба да бидат вратени неоштетени, без шаркање со пенкало и со комплетната содржина (број на страници). Добро е да ги имате цените на ум пред да одлучите дали ќе ги чувате учебниците.

За изгубени или оштетени учебници секој ученик одговара со парична казна која нема да му се допадне на вашиот џеб токму пред летниот распуст. Со вас ги споделуваме дел од цените кои се предвидени според официјалниот Ценовник од Министерството за образование и наука.

I година
Македонски јазик и литература – 265 денари | Англиски јазик – 366 денари | Француски јазик – 651 денар | Германски јазик – 686 денари | Математика – 416 денари | Информатика – 655 денари | Биологија – 263 денари | Хемија – 263 денари | Историја – 466 денари | Музичка уметност – 343 денари

II година
Македонски јазик и литература – 319 денари | Англиски јазик – 366 денари | Француски јазик – 651 денар | Германски јазик – 365 денари | Латински јазик – 423 денари | Математика – 263 денари | Хемија – 237 денари | Физика – 263 денари | Историја – 296 денари | Географија – 237 денари | Музичка уметност – 343 денари | Ликовна уметност – 263 денари | Социологија – 296 денари | Етика – 184 денари | Говорење и пишување – 184 денари | Иновации и претприемништво -381 денар

III година
Македонски јазик и литература – 319 денари | Англиски јазик – 366 денари | Француски јазик – 651 денар | Италијански јазик – 651 денар | Германски јазик – 686 денари | Латински јазик – 211 денари | Математика – 416 денари | Aлгебра – 276 денари | Линеарна алгебра и аналитичка геометрија – 276 денари, Биологија – 319 денари | Хемија – 319 денари | Физика – 319 денари | Историја – 466 денари | Географија – 319 денари | Музичка уметност – 221 денари |  Педагогија – 276 денари | Социологија – 276 денари | Етика – 237 денари | Програмски јазици – 138 денари

IV година
Македонски јазик и литература – 319 денари | Англиски јазик – 366 денари | Француски јазик – 651 денар | Компаративна книжевност – 342 денари | Италијански јазик – 651 денар | Германски јазик – 686 денари | Латински јазик – 211 денари | Математика – 416 денари |  Математичка анализа – 342 денари | Биологија – 533 денари | Хемија – 415 денари | Физика – 625 денари | Историја – 309 денари | Менаџмент – 276 денари | Музичка уметност – 208 денари | Психологија – 330 денари | Социологија – 276 денари | Програмски јазици – 138 денари | Бизнис и претприемништво – 398 денари

Дадените цени во ценовниците за оштетени учебници се 70% од каталошката вредност на учебниците.