Денес два натпревари во Струмица и Валандово!

Денеска ќе се одржат два натпревари. Во Валандово ќе се одржи регионален натпревар по биологија на кој учествуваат голем број ученици од нашето училиште. Сите тие уште од рано наутро заминаа во Валандово и веќе се стигнати на местото каде ќе се одржи натпреварот, тоа ќе биде во просториите на едно од училиштата во Валандово.

Покрај натпреварот по биологија ќе се одржат и хорските смотри во Дом на АРМ – Струмица.
Нашите музичари покрај целодневните проби и подготовки за патронатот, се уште имаат сила во себе. За нив нема ни минутка одмор. За денешниот натпревар се одлично подготвени.

На овој натпревар хорот ќе се натпреварува со две доста тешки композиции: “Chi la gagliarda” и “Amen”.  Покрај натпреварувањето на хорот, ќе се натпреварува и бендот на нашето училиште, а исто така и солисти, кои со своите изведби се надеваме повторно ќе постигнат големи успеси.

И ние им посакуваме навистина голем успех на нашите денешни натпреварувачи.