Три први места на регионален по хемија!

На 14 март беше одржан општинскиот натпревар по хемија, во кој нашите ученици постигнаа одлични резултати и го продолжија натпреварувањето на регионалниот натпревар по хемија.

Регионалниот натпревар по хемија беше одржан на 18 април и за нашиот регион се одвиваше во просториите на нашето училиште. На натпреварот постигнавме мошне голем успех.

Од прва година под менторство на Зуле Цонева, нашиот ученик Коста Михајлов го освои првото место, а третото место го освои нашиот ученик Ристо Ѓорѓиев.

Од втора година првото место на натпреварот го освои Митко Белмезов под менторство на Снежана Илиевска Поповска, а пак второто место го зазема Александар Цамбулев под менторство на Зуле Цонева.

Од трета година под менторство на Зуле Цонева, првото место го освои нашиот ученик Игор Влахов.

Според бројот на поени, освен учениците кои освоија награди, на државен натпревар по хемија успеја да се пласираат и нашите ученички Ивана Шарламанова и Мартина Николова од трета година под менторство на Снежана Илиевска Поповска.

На сите ученици и ментори им честитаме за постигнатите успеси и им посакуваме уште поголеми успеси на државниот натпревар по хемија.