Фудбалерките заминуваат на државно

Во наредните три дена женската фудбалска екипа ќе престојува во Скопје за да ги одигра натпреварите од државното првенство.fudbalПрвичниот успех на општинско ниво им овозможи на нашите женски фудбалерки да ги измерат своите сили со натпреварувачите од регионалните средни училишта.

На крајот од ноември ја поминаа и втората фаза, забележувајќи две победи на регионално ниво и победа над женската екипа на Велес, како противник од централниот регион.

Десетте наши ученички од прва и четврта година од четврток до сабота ќе се натпреваруваат за медал.

Им посакуваме многу среќа и успех на државното првенство на нашите спортисти и нивниот ментор Гоце Кончалиев.