Од четврти април 2016 година екипа од нашето училиште составена од дваесеттина ученици и десетина професори тргна на пат кон Измир, Турција.
Нашето училиште коешто учествуваше во проектот збратимување со училиштето Јилдис Тинас Измироглу е изненадено и презадоволно од топлиот дочек. Тапани и весела музика пред автобусот, македонско знаме на училиштната зграда, табло со заеднички фотографии, настап на градскиот оркестар, богата традиционална турска трпеза… само дел од топлиот пречек на нашите пријатели.
Кулминација на самата размена беше засадување на дрво на збратимување во знак на вечно пријателство помеѓу СОУ Јане Сандански и Јилдис Тинас Измироглу.
Погледнете ја фотогалеријата од престојот во Измир ОВДЕ.