Извештај: Трет ден од екстерното

Денес помина третиот ден од реализацијата на екстерното тестирање.eksterno3Во училиштето успешно помина третиот ден од екстерната проверка за реалноста на оценките кои ги стават професорите. Учениците од втора и трета година беа тестирани по предметот историја, а оние од прва покрај историја решаваа тестови и по предметите ликовна уметност и конституционо уредување.

Според впечатоците кои ги пренесоа тестираните ученици поголемиот дел од нив се задоволни. Единствен проблем биле прашањата вон-материјалот кој учениците го обработуваат.

„Прашањата беа лесни. 20% од нив беа од материјалот кој не сме го обработиле и кој не беше предвиден во тестирањето“, рече ученичка тестирана по историја.

Во јуни и во август ќе има уште два термина за учениците што се оправдано отсутни од тековните тестирања. Тестаторите потврдија дека немало нарушувања на дисциплината, како и дека се појавиле проблеми со компјутерите кои не можеле да ги отворат сите триесет прашања.

„Денешниот ,трет ден од тестирањето помина прилично добро. Се јави проблем во списокот, каде една ученичка беше два пати запишана со два различни кода. Откако влезе со двата кода доби само две прашања од можните триесет. Останати проблеми немаше. Учениците беа дисциплинирани и ги одговараа своите прашања“, вели еден од денешните тестатори.

Сè уште нема нови информации од Министерството за тоа колку резултатите од тестирањето ќе влијаат врз успехот на учениците. Едно е сигурно – само подготвените ќе остварат подобри разултати.

Утрешниот ден ќе биде порелаксиран затоа што единствено на тест е знаењето по математика на економистите од трета година. Им посакуваме многу среќа!