Лидер на струка – Елена Вчева како извонреден банкарски техничар!

На Државниот натпревар за избор на лидер на струка одржан во СУГС„Васил Антевски Дрен„ – Скопје се натпреваруваа ученици од четири профили: деловен секретар, правен техничар, економски техничар и банкарски техничар.
Натпреварот се составуваше од два дела: теоретски и практичен дел.
Нашето училиште се претстави со две ученички:
  • Ученичката Елена Вчева од IV 12, под менторство на професорката Ленче Пиличева се натпреваруваше во образовниот профил банкарски техничар и се здоби со второто место.
  • Ученичката Слободанка Пандева од IV 10, под менторство на професорката Полина Ашикова се наптреваруваше во образовниот профил економски техничар и се здоби со четврто место.

15310987_1143706395665458_178964310_o15387395_1143696848999746_146036407_o