Нашите таленти со голем концерт во чест на Мајкл Џексон

picture4Новогодишно-божиќниот концерт е еден од најпрепознатливите белези на нашето училиште.
Во изминатите шест години учениците обработија 6 теми, со над 400 учесници, вкупно 5,000 посетители и собрани донации во вредност од 320.000 денари.

Околу 60 ученици од почетокот на септември се подготвуваат за премиерната изведба на мултимедијалниот празничен концерт кој е наречен KING OF POP. Со нив секојдневно работат професорите по музика и координаторите на ритмичката секција.

„Освен извонредните хитови,  карактеристичниот вокал, уникатните танцови движења и генијалните сценски настапи Мајкл Џексон ги помести границите на уметноста и шоуто во концертните изведби. Ќе се обидеме на свој начин да ја оживееме неговата уметничка порака“, вели професорката Анита Станковска.

Настанот ќе се одржи на 4 јануари 2017 година од 19:00 часот во големата сала на НУЦК „Антон Панов“. Влезниците по цена од 100 денари ќе започнат да се продаваат од понеделник во СОУ „Јане Сандански“ и во Младински совет.

„Ги одбравме најактуелните музички парчиња на Мајкл Џексон кои ќе ги чуете во изведба на бенд од само пет члена и многу вокали со различен сентимент и музички израз“, велат членовите на нашиот бенд кои ги чека тешка задача.

Сите собрани средства преку влезници и дополнителни донации ќе бидат наменети за лекување на нашиот сограѓанин Никола Новоселски кој има потреба од лекување во Русија.